Во само 15 минути од почетокот на мечот против Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација води со 3:0 на домашен терен. Водството тргна со фантастичен гол од слободен удар на Енис Барди во 4 минута.

Токму тој во 13-тата минута асистираше за Миовски кој со глава го постигна дебитантскиот гол во националниот дрес. Само две минути подоцна го постигна и вториот гол за него, со што ја доведе Македонија со 3 гола предност во овој меч од Лигата на нациите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.