И четврти гол ја затресе гостинската мрежа на градски стадион каде Македонија го пречека Гибралтар во меч од Лигата на нациите. Четвртиот погодок во 31 минута го даде Дарко Чулинов, по одлична акција на македонските репрезентативци.

Видео тука.

Претходно, мечот во 4 минута го отвори Енис Барди со погодок од слободен удар. Токму тој во 13-тата минута асистираше за Бојан Миовски кој со глава го постигна дебитантскиот гол во националниот дрес. Само две минути подоцна го постигна и вториот гол за него, со што ја доведе Македонија со 3 гола предност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.