Најголемата регионална церемонија на доделување музички награди Music Awards Ceremony (MAC) поддржана од MaxBet, во организација на Скајмјузик, годинава ќе се одржи по трет пат, на 25 и 26 јануари во белградската Штарк арена.

Овој пат MAC ги обедини сите музички жанрови и ги собра најголемите музички ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, а своето учество досега го потврдија Констракта и Земља грува, Рибља чорба, Јелена Розга, Сара Јо, Каролина Гочева, Тончи Хуљиќ, Саша Матиќ, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ, Девито, Амна, Војаж, Нучи, Теодора, Николија, Зера, Црни Церак, Мими Мерцедез, Махрина, Цобу, Лацку, составот 2Бона, Сајфер и Албино.

Тие ги повикаа своите фанови да ги поддржат гласајќи за нив, но и на самиот настан во Штарк арената, а што им посакаа во 2023 година погледнете овде.

Билетите за најголемиот музички настан во годината може да се купат преку веб-страницата efinity.rs, апликацијата e_Finity и на билетарницата на Штарк арена.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.