Специјалното пролетно издание на No Sleep фестивалот, одржан во Белград минатиот викенд со повеќе од 15.000 посетители, го отвори новото поглавје на EXIT. И оваа година членовите на Егзитовото фестивалско семејство – EXIT, Sea Star, Sea Dance, Ada Divine Awakening, No Sleep и нејзиниот есенцијален дел – посетителите, ќе бидат заедно, слободни и без граници, како што и e единствено изводливо. EXIT оваа сезона носи и изненадувања – во подготовка се уште најмалку два големи настани, во две нови држави, за што повеќе информации ќе пристигнат наскоро! Фестивалското лето го предводат Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Jax Jones, Meduza, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex и многу други! А сѐ ова би било многу потешко да не се случеа четирите дена во јули 2021 година.

Дека желбата за собирање, дружење и танцување ќе ги преброди сите препреки, EXIT покажа минатата година, кога влезе во музичката историја како првиот голем фестивал во светот одржан од почетокот на пандемијата. Глобалните предизвици се сменија и несомнено е дека живееме во неизвесно време, но фестивалите и сѐ што тие носат со себе овозможуваат неопходно ослободување преку меѓучовечкиот контакт и музиката. Краткиот филм кој EXIT штотуку го објави потсетува на четирите дена во јули минатата година, кои го претставуваат врвот на борбата за фестивалската индустрија на глобално ниво. Овој филм истовремено ја најавува новата сезона на Егзитовите фестивали, во која заедништвото градено две децении ќе доживее ноф триумф!

Успехот кој тимот на Exit го постигна во 2021 не би бил можен без оние поради кои и постои фестивалот – посетителите и нивната доверба. Оваа фестивалска година не можеше да започне подобро – повеќе од 15.000 луѓе заедно со тимот ја славеа титулата на No Sleep за Најдобар нов европски фестивал, на седум култни белградски локации, на кои настапија исклучителни изведувачи од кои многумина со години се дел од Exit-фамилијата. No Sleep овој викенд со енергијата на публиката, изведувачите и тимот на EXIT, беше издигнат на повисоко ниво.

Истото чувство, одлична музика, продукција и организација ќе бидат дел од сите Егзитови фестивали во тек на целата година. Причини за продолжување во истиот ритам има на претек – одличната програма веќе објавена за Sea Star и EXIT, добро познатите локации и фанови кои ги исчекуваат нестрпливо овие настани.

На Sea Star, кој ќе биде одржан на 27 и 28 мај во Умаг во Хрватска, ќе настапат Iggy Azalea, Amelie Lens, Meduza, Topic, Konstrakta, Dubioza kolektiv, Umek, Senidah, Buč Kesidi и многу други.

Потоа следува и омилениот EXIT на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња, како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Alok, ATB, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, Mathame, ZHU, ACRAZE, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи!

Во Црна Гора ќе бидат одржани два Егзитови фестивали – Sea Dance и Ada Divine Awakening, а во подготовка се и сосема нови настани во две нови држави, за што повеќе информации ќе бидат објавени наскоро. Фестивалскиот круг ќе го затвори уште еден No Sleep фестивал, во редовниот термин во ноември.

На крилјата на минатогодишното издание на Exit скроено е и мотото на овогодишното издание – „Заедно. Засекогаш!“, со увереност дека и во 2022 пред сѐ ќе има заедништво, слобода, музика, пријателство и љубов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.