Оваа година ќе се одржи 6 . издание на  фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“ 2022, на 26-ти мај, во домот на културата Марко Цепенков.

На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди: БЛАГА ПЕТРЕСКА, НАУМ ПЕТРЕСКИ, НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ, ЗУИЦА ЛАЗОВА, МАРЈАН КОЦЕВ, ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА, АДРИЈАНА АЦЕВСКА, СУЗАНА ГАВАЗОВА, САЊА РИСТЕСКА САЊА БАРБИКА, СПАСЕН СИЉАНОСКИ, АНЕТА АРСОВСКА, ЖИВЕ МЕШУРЕВСКИ, ЈОРДАН МИТЕВ, ТАТЈАНА СТЕФАНОВСКА, групите ФОКУС, АНЕТА и МОЛИКА, СКОПСКИ БОЕМИ  и  МАЕСТРО, кои на Фестивалот ќе настапат со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски……

Фестивалот е во организација на Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“- Скопје, а под покровителство на општина Прилеп.

Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика.

 Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни.

Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиумски партнер, вели директорот на фестивалот “Прилеп Фолк Фест”, Борче Нечовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.