Арнолд Шварценегер за медиумите се отвори за искуството со операцијата поради која, како што вели, можел да умре.

Се сеќавам кога ја имав мојата трета операција на отворено срце. Тоа беше пред само неколку години, непосредно пред да почнеме со снимањето на „Терминатор 6“. Бев навистина откачен. Многу ми е жал, но не одеше онака како што планиравме“, вели актерот.

Тој додава дека требало да биде едноставна процедура, но сè се комплицирало кога лекарите по грешка му го пробиле ѕидот на срцето предизвикувајќи внатрешно крвавење. Поради ова, лекарите морале да му ги отворат градите на Шварценегер за да му го спасат животот.

Се прашував како да се извлечам од сè. Во филмот требаше да трчам, да снимам сцени со тепачки, да кревам разни предмети. Но, првин морав да излезам од болница. Ми помогнаа пријателите, кои ме мотивираа“, објаснува актерот.

Неговото закрепнување напредувалое бавно, од 10 чекори дневно до секојдневни прошетки низ болницата.

На крајот, Шварценегер го продолжил закрепнувањето дома и можел да се подготви за снимање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.