Српските естрадни ѕвезди отсекогаш работеле на својот имиџ, а многу од нив ставаат силикони во градите со цел да изгледаат најдобро и најатрактивно за публиката.
Со таквите хируршки зафати тие го имаат својот денес препознатлив имиџ, но многумина ќе се зачудат кога ќе видат како изгледале дамите од јавната сцена на почетокот на нивните кариери, пред да имаат направено пластична операција.
Музичките ѕвезди како Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Дара Бубамара, Наташа Беквалац и Тања Савиќ сега имаат многу побомбастични деколтеа отколку на почетокот на кариерата.
Сепак, некои од нив тврдат дека никогаш не додале силикони на градите.
Никогаш не би подлегнала на естетска хирургија, зголемување или затегнување на гради, задник или што било друго. Гледам една емисија каде што покажуваат како жените се изобличувале со разни интервенции. Шокирана сум од тоа како изгледаат. Тоа за мене е повеќе од страшно – изјави Тања Савиќ пред пет години.
Во 2011 година, Јелена Карлеуша имаше тешка операција на градите, која траеше повеќе од пет часа.
Имплантите ми направија голем проблем, па на лекарите им требаше долго време да ги отстранат. Беше направена реконструкција на мускулите на дојката и беше отстрането многу фиброзно ткиво. Ужас. Се одлучив за операција бидејќи забележав дека нешто не е во ред. Но, од рутинската операција која ја очекуваа хирурзите, на операционата маса се случи непријатно изненадување.
Благодарна сум на лекарите кои буквално ми го спасија животот. Би им рекла на девојките добро да размислат пред да одлучат да ги зголемат градите. Кога би можела да го вратам времето, никогаш не би го направил тоа – изјави Карлеуша во таа пригода.
Кога се појави на сцената во 2001 година, Наташа Беквалац веќе го зголеми деколтето. Новите гради Наташа ги направи со мерка, во согласност со градбата, висината и тежината, па изгледаат како да се природни.
Подоцна, по втората бременост, Беквалац реши да оди на „ремонт“ за да ги подигне и затегне градите.
Цеца, пак, два пати ги намалила градите, еднаш за здравје, а вториот за изглед.
Сакав поинаква естетика, промена на визуелниот идентитет и нешто што е повеќе во склад со трендовите, а да бидам искрена и со мојата возраст. Интервенцијата не е комплицирана, многу брзо се опоравив – изјави Цеца, која во 2012 година, по првиот ремонт на силикони, изјави:
Вистина е дека имав операција на градниот кош. Тоа морав да го направам пред се од здравствени причини. Операцијата ја искористив и за намалување на градите, но пред се ми беше важно да го решам мојот здравствен проблем – изјави Цеца.
Дара Бубамара денес важи за една од пејачките со најголеми гради на домашната естрада. Сепак, Дара не секогаш можеше да се пофали со бујно деколте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.