Кајли Џенер, најмалата од кланот Кардашијан, позираше со бикини на кои има испечатени брадавици, а фотографијата веднаш стана вирална, добивајќи повеќе од 11 милиони лајкови.

Ваквата фотографија, Џенер ја објави како протест против политиката за цензура на Инстаграм, која не дозволува на фотографиите објавени на социјалната мрежа да се гледаат голи женски гради.

Бикинито е дел од соработката на Жан Пол Готје со стилистката Лота Волкова, а вклучува и соодветни беж гаќички. Комплетот е достапен за 325 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.