Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека властите на украинската престолнина го одобриле планот за евакуација во случај на руска инвазија.

Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен напад. За Киев е одобрен планот за евакуација, што ја одредува локацијата на центрите за евакуација, потребниот број возила и безбедните региони за сместување на евакуираните – изјави Кличко.

Загриженоста за наводните подготовки на Москва за инвазија на Украина во последно време се повеќе се изразува на Западот и во Киев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди ваквите изјави како празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.