Германија е последната земја која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат земјата, поради зголемените стравувања од можна руска инвазија во наредните денови.

Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време – препорача Министерството за надворешни работи во Берлин.

САД вчера први ги предупредија своите граѓани дека веруваат оти Русија наскоро би можела да изврши воен напад на својот сосед, тврдење што Москва го негира.

Покрај САД, Велика Британија, Данска, Летонија, Естонија, Австралија и Нов Зеланд, веќе ги повикаа своите граѓани во Украина да ја напуштат земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.