Новите истражувања доаѓаат до заклучок дека од неодамна сонот може да го загрози здравјето.

Биоритамот на луѓето денес е во голема мера нарушен. Сѐ поголем број луѓе страдаат од несоница или одат во кревет многу доцна, што несомнено влијае на здравјето. Најновата студија покажа дека спиењето од пет или помалку часа може да го загрози нашиот организам за 15 проценти. Врската помеѓу квалитетниот сон и имунитетот е од суштинско значење.

Кога сме будни, нашиот мозок, но и остатокот од организмот користат хемиски состав, познат како неуротрансмитери за меѓусебна „комуникација“, односно праќање информации од нервниот до имунолошкиот систем и остатокот од телото. Спиењето помага да се одржи на оптимално ниво залихата од овие видови неуротрансмитери.

Кога личноста не спие доволно или има лош квалитет на сон, телото може да биде во состојба да произведува помалку молекули неуротрансмитери. Тоа понатаму има за последица врз многу телесни функции, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, односно да не работи оптимално.

Освен тоа, додека спиеме, нашиот организам произведува повеќе бели крвни зрнца и цитокин, кои делуваат како „гласници“ на имунолошкиот систем и помагаат во борбата против инфекции, но и останати болести. Со самото тоа, лошиот сон може да предизвика намалување на производството, што понатаму има импликација на паднатиот имунитет.

Недостигот на сон ја прави личноста подложна на обична настинка“, смета Викторија Глас, доктор по медицина и медицински истражувач, пренесува “Real Simple”.

Квалитетниот сон може да помогне нашето тело да се опорави побрзо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.