Професорот Никола Пановски им порача на заболените од ковид-19 повеќе да не трошат пари за тестирања, бидејќи тоа повеќе не е потребно.

Микробиологот вели дека во моментов бројот на заболени е 10 пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле заразени.

Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо, рече Пановски за телевизија Сител.

Тој се согласува со Комисијата за заразни болести, дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки и дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита.

Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели. Болниците се се уште празни и нема нешто што треба да се одложува. Што ако го одложиме две недели, прашува Пановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.