Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.