Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди и со максимални температури од 14 до 22 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне в долж Повардарието засилен, ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. В петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и силен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.