Организаторите денеска го објавија редоследот на настапите во двете полуфинални вечери на Евросонг 2022. Вкупно 35 земји ќе се натпреваруваат за пласман во финалето.

Од секое полуфинале, десет земји ќе се пласираат во финалето, и заедно со земјите од големата петорка (Франција, Германија, Шпанија, Англија и земјата домаќин, Италија) во големото финале ќе учествуваат 25 земји.

Андреа, нашата претставничка на овогодишниот Евросонг ќе настапи единаесетта во втората полуфинална вечер, на 11 мај 2022 година во конкуренција со 17 натпреварувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.