Meтеорологот Славчо Попоски вели дека овој викенд под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава, времето ќе биде многу топло и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак  во недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Потоа локална појава на попладневна нестабилност ќе има и во првите денови од следната недела, но ќе се задржи многу топлото време, и температурите на воздухот ќе бидат без поголеми промени. Барем одсега гледано, во текот на целата наредна недела не се гледа целосна стабилизација на времето, па така во попладневните часови секојдневно мора да сметаме на локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на град. Температурите кој ќе ги имаме во следниот период ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината, вели Попоски.

Тој најавува дека ќе имаме топло лето со температури над 40 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.