И за денеска УХМР прогнозира многу топло време со температури над 30 степен во речиси цела Македонија, а на југоистокот и до 38 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 36 степени.

Ќе има повремена умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува. UV индексот ќе изнесува 7 единици.

Според прогнозата на УХМР, во текот на работната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.