Времето денес ќе биде сончево со мала со умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.