Поранешен натпреварувач на „Ѕвездите на Гранда“ загина во страшна несреќа кај Добановац.

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за 22-годишниот Немања Вуковиќ кој се прослави во регионалното музичко шоу пред неколку години.

„На автопатот кај Добановац синоќа околу 19 часот се случи тешка сообраќајна несреќа“, потврди полицијата.

Она што најмногу ги вознемири фановите на младиот пејач е начинот на кој настрадал.

Кога излезе од автомобилот беше свесен. Му пријдоа да му помогнат, го прашуваа дали е добро. Но, почна панично да трча и зашеметен да ја поминува улицата  и во тој момент на него налета автобус, сведочат случајни минувачи.

Истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.