Макимсан акционерско друштво за асвалт изведба, градежништво индустрија и трговија информира за измена на режимот на сообраќајот на автопатот А1.

„Согласно договор за изведување на градежни работи за ”Завршување на работите на рехабилитација со проширување на автопатот А1, дел Петровец — Катланово (лево и десно коловоз )”, во Македонија, каде Клиентот е: Јавно претпријатие за државни патишта ( ЈПДП ), со адреса: ул. даме Груев, бр.14, 1000 Скопје, Македонија; МАКИМСАН АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА АСВАЛТ ИЗВЕДБА ГРАДЕЖНИШТВО ИНДУСТРИИ И ТРГОВИЈА Анкара Република Турција, подружница Битола РСМ , со седиште на ул.1 бр.1 с.Долно Оризари, Битола со ЕМБС 7637101 и ЕДБ 4002022568377 претставувано од Арлинд Металиај, од Понеделник 29,04,2024 год. ќе се врши измена на досегашниот сообраќаен режим, на патниот правец Петровец —Катланово, како и Катланово -Петровец, со тоа што сообраќајот се враќа во еднонасочен режим во двата правци по цела ширина на лентите за возење на двата коловози, со намалена брзина до комплетно завршување на целокупните градежни активности“, велат од компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.