Министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи вчера отворено се закани дека идна влада без ДУИ нема да има и оти принципот победник со победник мора да се применува. Османи отиде дотаму што вели дека ако ДУИ не влезе во владата дека немало да се почитува волјата на гласачите Албанци.

Ваквите закани на Османи дојдоа откако веќе станува извесна коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди која ја предводи албанската опозиција.

Османи веројатно заборавил или не сака да се сети како дојде до ова победникот на изборите, во случајов ВМРО-ДПМНЕ да го бира албанскиот коалициски партнер во владата.

Македонија е унитарна држава и победникот самиот бира односно одлучува со кого ќе коалцира во владата.Но, ова беше нарушено токму на барање на ДУИ во 2017 година.

ДУИ во 2008 годинна бараше од ВМРО-ДПМНЕ, победникот од македонскиот блок секогаш да коалицира со победникот на македонскиот блок. Тоа беше т.н Мајски договор кој не е никаков официјален пишан документ туку усмен, џентлменски договор.

И тој договор се почитуваше се до 2017 година после изборите во 2016 година кои ВМРО-ДПМНЕ ги доби со 51 пратеници а СДСМ имаше 49. Кај Албанците најмногу гласови освои ДУИ.

И тогаш се случи онаа прес конференција на 29 јануари 2017 година во Мала Речица која ја држеше кој друг ако не Бујар Османи. На таа прес конференција рече дека „ДУИ не донела одлука за коалциција со ВМРО-ДПМНЕ иако таа партија победила на изборите“.

-Дебатата беше, конструктивна и добронамерна со цел да се донесе најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може да биде исцрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за една од петте опции кои беа ставени на маса“ рече Османи во ноќните часови пред седум години.

Неколку месеци подоцна ДУИ направи влада со СДСМ и не ја почитуваше волјата на мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите Шарени револуции, СЈО и Договор во Пржино.

Затоа на Османи ќе му биде подобро да каже кој заѕвони на црвениот телефон во Мала Речица таа студена ноќ и им нареди да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, а не да се заканува. Мајски, јунски или било каков договор не може да важи само кога му одговара на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.