Вчера во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.