Оваа влада цепа за Америка и може само да претпоставиме за што се повикани таму… вели Јанко Илковски во неговата најнова видео-колумна Слушај ваму што ја прави во соработка со Република.

Откако почнаа да излегуваат работите на виделина, благодарејќи на опозицијата малку почнаа да ни се отвораат очите, бидејќи затупевме. Толку многу се краде, толку долго се краде, што мислам дека во нашата свест стана вообичаеност, као тоа е тоа, има плата, има пензија, ќути… – коментира Илковски.

Во договорот за Коридорот 8 вели не смрди тука, тука корне… Дури и блиските до владејачките партии го препознаа криминалот. Зборува за енормно високата цена, чиниш во космос се гради. Вели излезе чудно соопштение од Амбасадата каде се оградуваат договорот за изградба за компанијата. Зошто? Што е сега? Аплаудираа, се појавуваа, сега се оградуваат. Зошто?!

-Кого лажат, кого прават будала, кого прават ненормален? – запрашува Илковски.

 

Смета дека власта е викната во Америка на рибање и дриблање.

-Мислам дека дури и компанијата од гаќи ќе биде истресена. Ќе видиме, многу брзо ќе видиме, до следниот поткаст ќе видиме…

Се надева дека опозицијата ќе истрае, никој не ја рчка опзицијата зошто го збори ова што го збори. Ваква вулгарност не може да помине во ниту една земја, а особено среде Европа.

Ова се само извадоци од видео-колумната на Илковски. Целата содржина слушнете ја во видеото.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.