Јанко Илковски

Здраво драги мои Републиканци, конечно морфиумот ми е малку понамален па будалата во мене почна да се буди, изгубив поим за простор и време. Жалам што паузирав, не сум ни физички ни ментално способен да ви се јавам со видео, не дека немам што да кажам, туку, кашава во глава сѐ уште е премногу матна….

Насловот го пишав само да имате претстава како ви се обраќам … едната рака, избодена во Вилеров гоблен од игли бромили кои треба да држат долго но се воспалуваат па нова вена и тоа е, ко тетовирана со апстракција на Џејсон Полок ми се рацеве … Пишувам со една рака, поточно со десниот палец на мобилен, директно на вибер до уредничката моја, оти у овие кратки мигови на свест или постирам некоја глупост на социјални мрежи или некаде правам бидала од себе .. ама па џанаците се општо признаени медиумски работници на оваа власт, нели?

Не треба ни желби ни молитви за мене, ниту совети, јас сум таму каде што сум, си ја преземав целата одговорност и терам како што ми доаѓа, ако воопшто и нешто. Воздржете се од оние турско-сериски повици на дисторзиран квази-љубовен кауризам анахронизам “со помин” и слично …. мојата болка е моја интима и никој ниту може да ми ја олесни ниту пак преводите од КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ ќе ми помогнат не само мене, туку на било кој. Ха…

Камо да ми е само оваа битка, кастрација на дел од себе или неуспешната самоапутација е најмалиот проблем, шизофренијата на општеството е она што е најтешкото, институциите се држат само заради поединци од Бога пратени, згора, моите уште зависат од мене инаку со сласт би се преселеил у Вечна Ловишта да бркам зајци заедно со Флок … заебано е кога си невработен, а таргет си на секој шарен изрод на планетава, не ради мене, туку се згнуваат на моите …

Не сум ни јунак ни достоен верник и малку ми е преку се од демогошките умрежени другарства… кажи што ти треба … Тие што можат да помогнат ќутат и ги нема, тие што знаат дека не можат само у скут што не ми седнале, ама па што зборам… си знаете и самите…

Сори,толку, прекинувам ова еднопалачно писание, дојдоа да ми сменат инфузијата, следнава е со морфиумче… мераци… затапувам …
Еј, искрено саакте да ми помогнете? Мене, на моите? Сменете ги овие од власт! Гласајте на избори! Толку и … ми се шина палецот … извињење во следната, се надевам колумна …

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.