Бог да ги прости сите жртви од Онкологија… Нека им дарува царство небесно. А ние овде што ќе останеме ќе сочувствуваме со нивните блиски, затоа што не можеме ни да поимиме колку мајки, колку деца, колку родители, браќа, сестри деновиве пиштат, се удираат во гради, ги преживуваат сите тешки мигови кои ги поминувале со своите додека ги губеа од мачната и подмолна болест… вели Јанко Илковски во својата најнова видео-колумна „Слушај ваму“, во соработка со Република.

Ова е страшно, нема зборови… Вели не е до солзи, само до молитва е. Нема излез од вакво нешто… Коментира дека ова веќе не е несреќа, не е сообраќајка, не се задоцнети лекови… Ова е злосторство против човештвото…

Тој ги повика сите религиозни групи во Македонија да се сплотат во еден молитвен ден кон сите починати. Овде страдале од сите вери, од сите националности, ова е чиста трговија со луѓе…

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.