Двајца американски и двајца европски дипломати изјавија дека земјите члеки на НАТО се очекува денеска да му го продолжат мандатот за уште година дена на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавија дел од американските медиуми.

За одлуката се соопштуваше изминатите недели, но се очекува амбасадорите на НАТО официјално да го утврдат продолжениот мандат на денешната средба, соопштија дипломатите.

Јенс Столтенберг (64) претходно беше премиер на Норвешка и е на чело на НАТО од 2014 година. Тој требаше да замине од функцијата кон крајот на септември, но најверојатно ќе остане како генерален секретар уште 12 месеци.

Во фебруари тој кажа дека бара продолжување на неговиот договор, а по барање на земјите членки кои не постигнаа консензус по прашањето за негов наследник.

Меѓу можните кандидати за шеф на НАТО фигурираа имињата на министерот за одбрана на Велика Британија Бен Волас, кој отворено кажа дека би сакал да ја наследи таа должност, и премиерката на Данска, Мете Фредерискен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.