Твитер воведува нови правила. Платформата има имплементирано привремено ограничување на бројот на твитови кои корисниците можат да ги читаат во еден ден, рече шефот на компанијата Илон Маск.

Маск објави дека непроверените профили можат да читаат до 600 објави дневно. Во меѓувреме, проверените профили се привремено ограничени на читање на 6.000 објави дневно.

За да се справиме со екстремните нивоа на манипулација со податоци и систем, ги имплементиравме следните привремени ограничувања, напиша Маск.

Ограничувањето конкретно се однесува на:

– Потврдените профили се ограничени на читање 6.000 објави дневно

– Непроверените профили до 600 објави дневно

– Нови непроверени профили до 300/ден

Претходно денеска корисниците ширум светот пријавија проблеми со популарната социјална мрежа Твитер.

Извештаите за прекинот почнаа на сајтот DownDetector во 12:19 часот и продолжија во текот на денот. Три часа подоцна, истите проблеми се уште постојат и корисниците стануваат фрустрирани, пишува „Дејли мејл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.