Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ги искажа своите очекувања за првиот меч со Баер Леверкузен во полуфиналето од Лигата на Европа.

– Возбудени сме што ќе доживееме уште една незаборавна вечер со нашите фанови. Има од што да се плашиме, начинот на кој игра Баер, нивната долга серија без пораз. Имаат интересни играчи и многу го почитувам нивниот тренер. Но, Рома верува во успех и ќе се бори, изјави Де Роси за сајтот на УЕФА.

Натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Рома ќе се одигра вечер од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.

Серијата без пораз на германскиот клуб изнесува 46 натпревари.

Во другото полуфинале во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа се среќаваат Марсеј и Аталанта (вечер 21 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.