Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук, јавува Радио Слободна Европа. Списокот на производи што треба да се забранат е објавен со владин декрет откако Будимпешта ја објави мерката за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи.

Во изминатите денови Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на жито и други прехранбени производи од Украина откако падот на цените предизвика протести на локалните земјоделци. Портпаролот на Европската комисија рече дека ваквите еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Откако руската инвазија блокираше некои пристаништа на Црното Море, големи количини украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската Унија, заврши во земјите од Централна Европа поради логистички проблеми, што влијаеше на цените и продажбата на локалните земјоделци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.