Турција продолжува да се противи на влезот на Шведска и Финска во НАТО, а работите не се сменија ниту доцна во средата вечер по повеќечасовни разговори меѓу турски, шведски и фински дипломати.

Дипломатите од трите земји повеќе пет часа преговараа за противењето на официјална Анкара за Шведска и Финска да станат дел од НАТО.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин истакна дека процесот на проширување на Алијансата со скандинавските земји не е можен додека не се решат безбедносните грижи на Турција.

Во меѓувреме, британскиот министер за одбрана, Бен Валас, порача дека верува оти постои начин да се реши загриженоста на Турција во врска со приемот на Шведска и Финска во НАТО.

Мислам дека има начин. Мислам дека ќе дојдеме до тоа на крајот и многу е важно да ги слушаме сите членки и нивните грижи во процесот. Ние секако ќе ја слушаме Турција – порача Валас во говорот пред британскиот парламент.

Тој додаде дека за тоа ќе разговара со турскиот министер за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.