Во разговор за швајцарскиот весник „Ле кантон 27“, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, кој престојуваше во Давос, им се заблагодари на Албанците и на Косово за воената поддршка, но и за солидарноста со украинскиот народ, велејќи дека „Украинците се борат против рускиот окупатор, како што некогаш Албанците се бореа против српскиот окупатор“.

Многу ми е драго што за првпат запознав албански новинар, што е добра можност да ви пренесам порака на вас, албанскиот народ на Балканот. Слушнавме и читавме дека вие Албанците, како и ние Украинците, сте мирољубиви, слободољубиви, но и борци кои ја сакаат потребата што некој ни ја наметнува. Денес се бориме против рускиот режим кој се обидува да ја окупира Украина, како вие кои некогаш бевте окупирани од Србија, изјавил меѓу другото Кличко за швајцарскиот весник.

Градоначалникот на Киев, кој е и поранешен светски шампион во бокс, им се заблагодари на Косово и на Албанците за солидарноста со Украина, како од воен аспект, така и за хуманитарната помош.

Верувам дека ние во Украина, покрај Бога, ќе ја вратиме оваа поддршка на нашата земја, на нашиот народ. Благодарам Косово, благодарам Албанци. Како што сте ослободени од Србија, така и ние ќе бидеме ослободени од Русија, потенцирал Кличко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.