Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинска страна.

Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.

Директорот на ФСБ Александар Бортников претходно денеска му пријавил на претседателот на Русија Владимир Путин за апсење на 11 лица, меѓу кои и терористи кои директно учествувале во терористичкиот напад во Москва, јави РИА Новости во соопштението на Кремљ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.