За време на тепачката што се случила среде лет, било скршено стаклото на еден од прозорците на авионот, што ги преплашило патниците и членовите на екипажот, пренесува „Дејли мејл“ за инцидентот кој се случил во четвртокот навечер на летот од Кернс до Дарвин, преку Грот Ејланд во австралискиот Залив Карпентарија.

Поради тоа, авионот морал принудно да слета, а четворица патници завршиле во полиција.

На снимката од авионот се гледа како жена крева шише над главата за да удри со него друг патник. После тоа, избила сеопфатна тепачка, а авионот се свртел и почнал да се враќа назад кон Кернс.

Неименуваната авиокомпанија потоа го испратила авионот на патување над северна Австралија по втор пат. Меѓутоа, групата патници кои биле вклучени во првата тепачка, повторно се степале за време на вториот лет. Авионот на крајот слетал во Аљангула, каде полицијата ги пречекала и ги уапсила преостанатите тројца агресивни патници.

Маж (23) и жена (23) се обвинети за загрозување на безбедноста на други лица, напад на друго лице, нанесување штета на туѓ имот, недолично однесување на јавно место и кршење на законот за семејно насилство, додека другата жена (22 ) е обвинета и за шверц на дрога, попречување на работата на полициските службеници и пиење алкохол во забранетата зона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.