До претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период, тврди Мицкоски.

Тој обвинува дека нерегуларностите се дело на членови на ДУИ.

„Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше ДУИ, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период“,

кажа Мицкоски денеска на новинарско прашање во однос на наводите за изборни нерегуларности на 24 април.

Тој кажа и декa очекува истото дa се повтори и на гласањето в среда.

„Очекуваме нешто слично да се случува и во вториот круг, но ние сме подготвени, го информиравме и МВР да ги засили своите припадници таму. Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите, така што, слободно можете резултатите од првиот круг на европеецот Османи да ги поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на ДУИ“,

рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека ДУИ повеќе од 20 години на два начина добива гласови – со епска манипулација и повикување на 2001 и паралелно местење тендери и второ, преку местенки, закани и поткуп.

„Ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од Владата за повторно да ги вратат тие количнии кеш. Меѓународната заедница будно да го следи процесот, ова ги поминува условите во определени места во многу понеискусни демократии од македонската. Можам да кажам дека високи функцинери, дури и членови на Влада го прават ова, придружувани од припадници на МВР коишто се легитимираат кога ќе бидат фатени во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“,

рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.