Носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3, Драган Ковачки, порача дека и покрај опструкциите со кои се соочува градоначалникот Борче Митевски во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

 

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

 

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

 

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, порачува Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.