Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, која на 17 мај пред нашата публика ќе ја претстави својата книга „Капчо и китот”. Промоцијата на книгата ќе се одржи во „Лабораториум” со почеток од 20:00 часот.

Разговорот со авторката ќе го водат писателките Румена Бужаровска и Калина Малеска, која ја преведе книгата на македонски.

 

Се надеваме дека на промоцијата на оваа прекрасна книга ќе ни се придружат и најмладите читатели и нивните родители, а по настанот ќе може да си добијат потпис од авторката.

Напомена: Разговорот ќе се води на англиски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.