Со обработени 645 од 682 избирачки места (94,57%), според податоците на Државната изборна комисија, во Изборната единица 3, апсолутен победник е коалицијата Твоја Македонија.

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драган Ковачки, обезбеди 14 мандати, што е најголем број на освоени мандати по изборни единици за сите партии.

Од СДСМ, најмногу мандати освои носителот на ИЕ4 Венко Филипче, кој ѝ обезбеди на партијата 5 мандати.

Во останатите изборни единици висок број на мандати освои и носителот на Твоја Македонија, Александар Николоски, кој освои 13 мандати во ИЕ 4, додека носителите на изборните листи во ИЕ 1, односно ИЕ 5, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски, освоија по 10 мандати.

Од албанските партии, коалицијата Европски фронт освои 9 пратенички места во ИЕ 6 со носителот на листата – лидерот на ДУИ Али Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.