Светската здравствена организација (СЗО) во неделата соопшти дека војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со пандемијата на ковид-19 и дека работи на мерки за спречување на понатамошното ширење на инфекции.

Во Украина и соседните земји, бројот на нови случаи е намален во споредба со минатата недела, но експертите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до зголемување на смртните случаи и сериозни болести и во Украина и во земјите со ниска вакцинација, кои примиле поголем број на бегалците.

Околу 34% од населението на Украина е вакцинирано, а околу 29% во соседна Молдавија. СЗО наведува дека во периодот од 3 до 9 март во Украина и околните земји се регистрирани 791.021 нови случаи на инфекција со Ковид и 8012 нови смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.

За жал, овој вирус ја користи секоја можност да продолжи да се шири. СЗО разбира дека различни земји се во многу различни ситуации; тие се соочуваат со различни предизвици. Кризата во Украина доведе до многу миграции, многу бегалци“, рече Марија Ван Керхове, технички лидер на СЗО за ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.