Продавниците во Австрија бележат сè поголем недостиг, во супермаркетите има се повеќе празни полици, а причина за тоа е украинската криза и санкциите кон Русија, пишуваат германските медиуми.

На многу супермаркети им недостасуваат многу производи, а особено е тешко да се најде сончогледово масло, пренесува Срна.

Причина за недостигот е фактот што три четвртини од таа храна доаѓа од Русија и Украина. Се заканува и недостиг на путер. Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.

Ситуацијата во Украина предизвика криза која сериозно влијаеше на испораките до австриските продавници. Недостигот на многу производи беше предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно недостигот на испораки. Забележано е дека граѓаните купуваат роба на големо.

Минатата година, Австрија од Украина увезла околу 19.484 тони маслодајни семиња. Исто така, маслото од репка е се побарано, поради што може да се најде се потешко.

Последица на овој недостиг е зголемување на цената на нафтата во Австрија за околу 13 отсто.

Земјоделците и млекарите се соочуваат со драматично поскапување на енергенсите, храната и ѓубривата, што доведува до повисоки цени на земјоделските производи. Тема на голема побарувачка станаа и конзервите од увоз.

Исто така, во многу продавници не може да се најдат одредени видови брашно и тестенини. Исто така, одредени сувомеснати производи во моментов се доставуваат до продавниците само во мали количини.

Претседателот на Здружението на трговци, Рајнер Вил, предупредува дека следната криза во снабдувањето ќе следи за три до четири месеци.

Освен за украинската криза, за недостигот е виновно и пандемичното затворање на Шангај, каде што стотици товарни бродови чекаат да испловат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.