Девојче на 4-годишна возраст е тешко повредено откако вчера било избодено со нож во продавница во Брегенц, Австрија. Според локалните медиуми, детето без очигледна причина било избодено од непознат човек.

Девојчето се здобило со сериозни повреди и пренесено е во болница каде му била извршена операција.

Луѓето кои биле во продавницата успеале да го совладаат осомничениот 34-годишник од Сирија, а потоа полицијата го уапсила.

Засега не се знае дали осомничениот ги познавал мајката и детето од претходно, ниту зошто го нападнал.

Осомничениот, наводно, не давал отпор при апсењето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.