Портпаролот на Украинската меѓународна легија, Демиен Магру, изјави дека руската артилерија ја надминува украинската во однос осум спрема еден, што ја става Украина во подредена положба.

Магру, кој е портпарол на организацијата која обединува странски државјани, на брифинг во Киев изјави дека јазот може да се премости доколку Западот испрати повеќе тешко оружје во Украина.

Влегуваме во фаза на војната кога силно се чувствува нашата подредена позиција во однос на руските сили во врска со тешкото вооружување – изјави Магру.

Тој додаде дека на бојното поле може да се види ефикасноста на повеќецевните фрлачи M142 ХИМАРС испорачани од САД.

Тој исто така изрази загриженост за судбината на странските борци приведени во Доњецката Народна Република (ДНР) во источна Украина.

Судит во ДНР осуди на смрт тројца заробени странски државјани кои се бореле во украинските вооружени сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.