Двајца скијачи загинале откако биле затрупани од лавина на планината Лоун Пик во американската сојузна држава Јута, која се случила по неколкудневни пролетни снежни бури.

Шерифот на округот Солт Лејк Сити, Рози Ривиера, изјавил дека спасувачки тим со хеликоптер спасил еден од скијачите кој успеал да се извлече од снегот по лавината.

Мажите кои загинаа беа на возраст од 23 и 32 години. Во Америка годишно во лавини умираат околу 30 луѓе“, пренесува АП.

Местото каде што се случи лавината е еден од највисоките врвови кој се издига над главниот град на Јута. Токму стрмниот и нерамен терен ја прави планината популарна дестинација за скијачите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.