Две лица загинале, а неколкумина се повредени при напад со огнено оружје пред геј клуб во главниот град на Норвешка, Осло.

Српски „Блиц“ пренесува сведоштво на Србин, кој бил сведок на немилото случување.

Во Осло сум, утре е Прајд овде. Пред малку дошол маж пред најпопуларниот геј бар и почнал да пука, потврдено е дека две лица се мртви. Засега велат дека се двајца загинати и десет повредени, многумина тешко повредени.

 

Сите сме живи од Србија. Седам до еден од локалните организатори додека ги повикува другите гости од странство да провери дали се живи… Страшно чувство… Полицијата се уште не дала изјави за мотивот на осомничениот, но препорача Осло Прајд и сите други настани денеска да бидат откажани – вели Марко Михаиловиќ, кој се наоѓа во Осло.

На социјалните мрежи се појави и видео од моментите на пукањето.

Престрелката во Осло се истражува како криминален акт на тероризам, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на градската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.