Пресудата на Врховниот суд во САД со која се поништи правото на абортус предизвика протести во повеќе американски држави.

Стотици луѓе излегоа на улиците во Њујорк, а протести имаше и на Унион Сквер и Вашингтон Сквер, Бостон, Мајами Лос Анџелес, Тексас, Аризона.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно оцени дека одлуката им го одзема правото на жените самите да одлучуваат за своето здравје и живот.

Ова е тажен ден за судот и за нашата земја. Тројцата судии назначени од Трамп беа во срцето на одлукаta да се смени рамнотежата на правдата и да се отстранат основните права на жените во оваа земја. Оваа одлука е кулминација на една екстремна идеологија – изјави Бајден.

Тој повика протестите да бидат мирни и луѓето да се воздржат од насилство.

Бајден додаде дека очекува гласачите на ноемвриските избори да гласаат за кандидати кои ќе се борат да го вратат правото на абортус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.