Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло.

Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.

Сите индиции укажуваат на осамен сторител. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош – изјави полицискиот портпарол Торе Барстад.

Локалните медиуми јавија за најмалку три места на злосторство.

Нема информации за потенцијалниот мотив, но инцидентот првично не e класифициран како терористички. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.

Нападот се случил во ноќниот клуб „Лондон паб“, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.

Весникот пишува дека цивили и помогнале на полицијата да го уапси осомничениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.