Повеќе од 12 милиони жени во Италија (речиси 51 отсто), на возраст од 18 до 84 години, биле жртви на физичко или ментално насилство барем еднаш во животот, но само пет проценти пријавиле што се случило, покажуваат резултатите од минатогодишната анкета на Институтот за клиничка физиологија при Националниот совет за истражување.

Денеска објавените резултати покажуваат дека над 2,5 милиони жени (10,1 отсто) изјавиле дека доживуваат психичко малтретирање, а 80.000 (0,3 проценти) навеле дека се физички малтретирани.

Истражувањето покажува дека жртви на насилство се претежно жени помлади од 60 години, со факултетски дипломи. И тие работат, нивните примања се просечни, во брак се и живеат со партнерот. Повеќе од половина од нив имаат деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.