Авион канадер кој гаснел шумски пожар во Португалија се урнал во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот дел од земјата, при што загинал пилотот на авионот.

Од цивилната заштита соопштија дека во леталото немало други лица.

Засега немаме детали за тоа што се случило – изјави командантот на националната цивилна заштита, Андре Фернандес.

Авионот бил од типот „FireBoss“ со средна големина.

Со неверување ја примив веста за смртта на пилотот на авионот кој се урна при гаснење на пожарот – објави португалскиот премиер, Антонио Коста на Твитер.

Серија пожари избувнаа во Португалија, каде цела недела има високи температури, а спасувачката служба во петокот вечерта извести дека десетина активни пожари биле изгаснати од повеќе од 900 пожарникари.

Нешто повеќе од 30.000 хектари изгореа во Португалија од почетокот на 2022 година, што е најмногу од 2017 година, обележана со смртоносни пожари во кои загинаа стотици луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.