Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на бустер доза на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Израел, пак, одобри четврта доза вакцина за постари од 60 години и медицински персонал.

Индија од вчера почна со вакцинирање деца на возраст од 15 до 18 години во обид да ја заштити најголемата адолесцентна популација во светот, стравувајќи дека многу заразната Омикрон варијанта може да предизвика експлозија на инфекции со Ковид-19. Приватните и државните училишта ќе го удвојат бројот на центри за вакцинација за деца, а училишните власти мора да им дадат податоци за вакцинација на властите.

Во меѓувреме, Австралија потврди рекорден број на дневни инфекции со корона вирус, но и покрај тоа властите најавија дека земјата ќе продолжи да ја отвора својата економија. На национално ниво, бројот на новозаразени е 37.150 во последните 24 часа, што е најголем број од почетокот на пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.