Припадници на руските сили во Украина, во близина на Киев, го ликвидирале белорускиот платеник Алексеј Скобл, познат под прекарот „Тур“.

Како што обајвуваат од руската војска, заедно со Скобл, бил уништен одред на украинскиот Национален баталјон, што во најголем дел бил составен од белоруски платеници.

Во соопштението се додава дека Скобл пристигнал во Украина уште во 2015 година и како дел од украинските сили учествувал во борбите во Донбас.

Еден ден претходно, во напад на руските воздушни сили, беа уништени камп на платеници и воена инфраструктура во регионот на Лавов, при што бепе соопштено дека се елиминирани 180 странски платеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.