Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија го ставила под контрола местото Богдановка, што се наоѓа меѓу Бахмут и Часов Јар во регионот Донбас.

Единиците на „Јужните“ сили целосно ја зазедоа Богдановка, во Народна Република Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Богдановка се наоѓа на помалку од 10 километри од Часов Јар, стратешки важниот град кон кој напредува руската армија по преземањето на Бахмут во пролетта 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.